Search

Стефанова: Кацарска и политичари ургираа за Камчев

Осомничените во предметот “Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која моментално сведочи во предметот “Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.

Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот “Империја” и додаде дека имало притисок и од политичари.

– Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев”, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Сведокот Стефанова, во оваа прилика зборуваше и за Жарко Луковски, поранешниот директор на Телеком, кој почина минатата година. Според Стефанова, лицето Луковски, бил сведок во случајот “Империја”, а не осомничен. -Тој имаше сознанија за работата на фирмите Ексиско и Финзи, за предметот “Империја”, а осомничен беше во предметот “Базни Станици”.

Судењето за “Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања.

Треба да знаете
Последни објави