Search

Стефанова до обвинетите:Оставете ги телефоните и будно следете ја расправата

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова на денешното рочиште за случајот „Траекторија“ на кое се репродуцираат СМС пораки поврзани со изградба на патиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, ги замоли обвинетите да ги остават телефоните и повеќе внимание да посветат на судењето.

„Дел од обвинетите се цело време на мобилните телефони наместо будно да ја следат расправата, би ги замолилљ да ги исклучат телефоните и да ја следат расправата“, рече Стефанова.

По кратката пауза, во судницата во кривичниот суд продолжи репродукцијата на СМС пораките помеѓу Миле Јанакиески и експремиерот Никола Груевски, од кои може да се види координацијата во однос на потпишувањето на договорите со кинеската фирма за изградба на автопатите.

Случајот “Траекторија“ е отворен против четири службени лица – експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП државни патишта, Љупчо Георгиевски, за кои постои основано сомнение дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на буџетот во износ од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата-изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Треба да знаете
Последни објави