Search

Стерјовски: Бугарија сака да прикаже вештачко бугарско малцинство во Албанија

Пратеникот во албанското Собрание, Васил Стерјовски вели дека Македонците во Албанија бараат институционална поддршка од македонските и албанските власти против асимилацијата, која, како што велат, ја спроведува Бугарија врз македонското малцинство во оваа соседна држава.

Според Стерјовски, кој во Битола присуствуваше на регионална конференција фокусирана на пограничната соработка и зближување на младите, организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците и деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија и Македонска Алијанса за европска интеграција од Албанија, притисоците се засилени  пред пописот што во Албанија треба да се спроведе годинава, затоа што  Бугарија сака да прикаже вештачко бугарско малцинство.

-Нема млад човек во регионите на Гора и Голо Брдо во Албанија, каде живее македонско малцинство, кој не бил на бесплатна еднонеделна екскурзија во Бугарија. Ја искористуваат сиромаштијата на Македонците во Албанија и континуирано прават сѐ и сешто за да прикажат бугарско малцинство. Сите албански граѓани, вклучително и Македонците, последните години се заинтересирани за бугарски пасош како можност за да емигрираат во западноевропските држави и тоа е еден демографски проблем за нас како Македонци, зашто селата се испразнија. Кој усепал да дојде до бугарски пасош веќе следната недела е во Англија или Германија. Со давањето бугарски пасоши Бугарија сака да прикаже дека тука има Бугари, фиктивно да извади бугарско малцинство. Албанските власти не сакаат да се мешаат во овој случај. Сметаат дека ова е проблем меѓу Бугарија и Македонија и не е нивна битка, рече Стерјовски.

Треба да знаете
Последни објави