Search

Стерлинг: Нема повеќе да правиме такви работи

Играчот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Рахим Стерлинг го извлече подебелиот крај од караницата со репрезентативниот колега Џо Гомез од Ливерпул. Тие на дербиот изминатиов викенд во англиската фудбалска Премиерлига има меѓусебна пресметка и вербален дуел, кој продолжил и на тренингот на англиската репрезентација. Селекторот Герет Саутгејт решил да го отстрани Стерлинг од државниот тим за натпреварот в четврток со Црна Гора.

-И натаму се актуелни случувањата од дербито, и јас сум човек кој признава кога ќе се случат такви работи. Џо Гомез и јас сме добри, се разбираме. Тоа беше една мала работа која траеше не повеќе од 10 секунди. Тоа е сега позади нас, и нема повеќе да правиме такви работи, вели Стерлинг како одговор за одстарнувањето од англиската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави