Search

Стевановиќ: Џафери има негативен тест, но има клиничка слика на Ковид

Бујар Османи бил повикан како абдоменален хирург за конзилијарно мислење за друг пациент на Инфективната клиника, при што го искористил моментот да го посети сопартиецот Талат Џафери.

-Тој беше дојден за конзилијарен преглед кај друг пациент, па го искористил моментот да го види пациентот – изјави за НОВА директорката на Клиниката Милена Стевановиќ.

Инаку, Џафери од петокот е хоспитализиран на Инфективната клиника со пневмонија, но, како што вели Стевановиќ, тој ги има сите симптоми и класична клиничка слика на Ковид.

-Беше примен со температура, која сега веќе ја нема и со пневмонија. Тој има класична клиничка слика на Ковид, но тестот му е негативен. Ние го лекуваме, односно му даваме терапија за Ковид. Има специфична ренген снимка и други анализи кои укажуваат на Ковид и тоа не смее да се остави така, мора да се лекува – рече Стевановиќ.

Таа додава дека денеска му е направен нов тест на Џафери.

-Ние имаме пациенти со по 3-4 негативни тестови со симптоми на Ковид кои ги лекуваме, а дури последниот тест покажал дека е позитивен.  Ќе ја следиме ситуација и здравствената состојба на пациентот – објаснува Стевановиќ.

Османи на социјалните мрежи објави фотографија заедно со Џафери и директорот на Клиниката за торакална хирургија и екс пратеник од ДУИ Неџати Јакупи, при што напиша „Еднаш воин, секогаш воин!“.

Треба да знаете
Последни објави