Search

Стевановиќ: Се полни и модуларната болница на Инфективна клиника

Милена Стевановиќ – директорката на Инфективната клиника вели дека веќе се полнат капацитетите на модуларната болница до Инфективната клиника. Според неа во моментов на клиниката има 15 пациенти од вкупно 71 кревети колку што е капацитетот. Исто така Стевановиќ уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а воедно апелираше сите оние кои се асиптоматски случаи да не доаѓаат на Инфективна, туку да се лекуваат согласно препораките на матичен лекар.

Треба да знаете
Последни објави