Search

Стевановиќ: Непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 се пресликува во бројките на заболени

Непочитувањето на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 од страна на граѓаните и нивното опуштање во однесувањето, сега го гледаме пресликано во бројките на новоинфицирани со корнавирусот, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.

– За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од Ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за некој човек да преземе едноставни мерки за да се заштити себеси и своите блиски. Навистина тоа не ми е прифатливо, истакна Стевановик при гостување во вечерашната емисија „Топ Тема” на телевизија Телма, додавајќи дека не верува оти станува збор за неинформираност кај овие луѓе.

Таа посочи дека во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирано 95 лица, со што е речиси колку и максималниот болнички капацитет.

– Последните денови се примаат од 13 до 14 пациенти, а иако истовремено се испишуваат и пациенти кои се оздравени, тој сооднос не е таков за да не се предвиди дека за многу кратко време капацитетот на Клиниката ќе биде целосно пополнет и ќе мора во функција да се стави монтажната болница, која е комплетно опремена и подготвена за прием на пациенти, нагласи Стевановиќ.

Според неа, причините за големиот број починати од коронавирусот во земјава се повеќеслојни и комплексни и за да се најде одговорот потребно е темелно испитување во нормални услови, што е невозможно во сегашниот период на пандемија.

– Од луѓето кои ја губат битката со Ковид-19, 72 отсто се со опасни коморбидитети и тоа по два коморбодитети – висок крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, хематолошки болести, изјави Стевановиќ, потенцирајќи дека лицата кои починуваат доаѓаат предоцна во болница.

Споре неа, над 50 процени од болните одат на лекар најмалку седум, па дури и до десет дена по почетокот на заболувањето, кога веќе имаат тешка болест со развиени тешки симптоми и последици и кога грижата за нив е исклучително тешка и сложена.

Треба да знаете
Последни објави