Search

Стевановиќ: За секој пациент се води максимална грижа, да не се земаат лекови на своја рака

Многу малку знаеме за КОВИД-19, инфекцијата и болеста се сериозно непредвилдиви – само тоа е сигурно. Сепак, досегашното искуство покажа дека 80 отсто од пациентите развиваат многу благи симптоми или воопшто не ги забелужуваат. Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но, не смееме да дозволиме да биде паничен, рече директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема”.

Според неа, се уште неодговорени прашања се и дали излечените пациенти повторно можат да заболат од коронавурус, кои лекови се најдобри, зошто е вака кај едни, а онака кај други луѓе. Препораката е, оние што се испишани од болница по два последователно негативни тестови, уште 14 дена да останат во домашна изолација.

Стевановиќ уверува дека ниту еден пациент во земјава не е оставен без максимална нега и грижа. Се прават максимални напори за да се спаси сечиј живот. Какви ќе бидат статистиките, не се знае. Пандемијата прво треба да заврши и сега приоритет е лекувањето.

-За жал, се зголемува бројот на пациенти кои развиваат тешки клинички слики. Пет се на механичка вентилација, а повеќе од нив имаат тешки пневмонии и се на кислородна поддршка. Сепак, има и пациенти кои се во фаза на излекување. Но, ова не е вистинската слика за КОВИД-19 зашто на Инфективната клиника се хоспитализираат најтешките случаи, напомена директорката.

Има, додаде, и инфицирани деца, но тие не се болни, немаат развиено никакви симптоми поради што и нема потреба од нивно хоспитализирање.

-Многу прецизно е договорен тимот на педијатри кои ќе работат со инфектолозите ако е тоа потребно, потенцира Стевановиќ.

Осврнувајќи се на клиничката слика, докторката повтори дека симтомите на КОВИД-19 се мала темепратура, гребење грло, кашлање,… Но, ситуацијата може и нагло да се влоши што е индивидуално. Во секој случај, подвлече, лекови на своја рака не смее да се земаат.

-Аплеирам пациентите да ги побараат матичните лекари. Тие може да им помогнат во осознавањето и следењето на симптомите и воедно се врската за евентуално повикување Брза помош ако ситуацијата е алармантна. Оние пациенти кои се со повисок ризик, се трудиме да ги хоспитализираме и да имаат поблаги симптоми, само за да не дојде до влошување, нагласи Стевановиќ.

Според неа, најдобро е и пациентите кои се сомневаат на коронавирус, да кажат кои хронични болести ги имаат зашто терапијата е различна зависно од севкупната здравствена состојба на лицето.

-Има достапни лекови од оние што се препорачуваат против КОВИД (за ХИВ, за маларија), но кој од нив и во која комбинација ќе се даде, многу зависи од пациентот. Мора да се внимава многу со давањето лекови. Сепак, лек ќе биде даден на секој што ќе се процени дека треба, рече Стевановиќ.

Микробиологот Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје која учествува во „Топ тема” преку скајп, истакна дека од стаидумот на болеста зависи типот на примерокот што се зема за лабораториска анализа. Притоа, за добивање точен резултат, се многу битни чувањето,транспортот и обработката на примероците.

Од вкупно заболените 354 лица од коронавирус во земјава, 59 се хоспитализирани на Инфективната клиника.

Треба да знаете
Последни објави