Search

Старџен: Шкотска сега ќе одлучи за својата иднина

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен изјави дека сега е време земјата да донесе одлука за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе започне со законски овластувања да распише референдум за независност.

– Народот на Шкотска го кажа своето. Сега е време да одлучиме за својата иднина, рече Старџен откако нејзината партија го зголеми бројот на местата во британскиот Парламент.

Шкотската Влада следната недела ќе објави детален, демократски трансфер на власта за покренување правна постапка за одржување референдум, додаде таа, повикувајќи се на администрацијата на чие чело е во Единбург.

Британскиот премиер Борис Џонсон се противи на одржување уште еден референдум за шкотската независност, откако Шкотска гласаше да остане во Обединетото Кралство во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави