Search

Старџен очекува дозвола од Лондон за нов референдум за независност

– Гласот за Шкотската национална партија е глас да се избегне Брегзит, истакна таа на почетокот од предизборната кампања.

Таа нагласи дека „првото ветување на конзервативците на овие избори е да се изнесе Шкотска од ЕУ против нејзина волја”.

Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, вчера изјави дека „нема шанси за референдум”, бидејќи на луѓето во 2014 година им е ветено дека станува збор „за можност која се добива еднаш во животот”.

Анкетите покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска се зголемува, откако 55 отсто избирачи гласаа за нејзино останување во Обединетото Кралство на референдумот пред пет години

Треба да знаете
Последни објави