Search

Стартува новата сезона на квизот„Арена“, 120.000 денари за победникот

Единствениот квиз на знење во Македонија, квизот „Арена“, кој се емитува на Алфа ТВ продолжува со својот поход за пронаоѓање на натпреварувачите кои сакаат да го покажат огромното знаење. Почетокот на 4-та сезона носи многу промени, а најинтересната за сите оние пријавени е главната награда од 120.000 денари.

Во изминатите 3 сезони учествуваа многу натпреварувачи кои го проверуваа своето знаење во арената, но имаше и такви кои станаа познати преку ноќ со своите гафови и грешки. Оваа сезона од Алфа ТВ ни откриваат дека ќе биде највозбудлива до сега. За таа цел ги охрабруваат сите оние кои сакаат да го проверат и споделат своето знаење да се пријават на alfamktv@gmail.com или да се јават на 02/2600 370.

Единствената непроменета работа, како и во минатите години, е водителот Димитар Атанасовски.

Најавата на „Арена“ може да ја погледнете на следниов линк:

Треба да знаете
Последни објави