Search

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

Кошаркарите на ТФТ Скопје со победа ја отворија новата сезона во БИБЛ лигата, триумфирајќи во воведното коло од регионалното натпреварување над екипата на Сигал Приштина со 81:77 (38:38).

На дуелот одигран вечерва во СРЦ „Кале”, кошаркарите на ТФТ ја добија првата четвртина со 23:16, но косовскиот тим возврати со иста мера во втората (22:15) и двете екипи на полувреме заминаа без предност.

Победникот беше одлучен во завршни пет минути кога ТФТ прво со серија од 9-0 се одвои резултатски на 73-64, а во неизвесен финиш потоа ја зачува предноста за стартната победа во групата Б.

Во второто коло на 27. октомври ТФТ ќе му биде домаќин на Академик од Пловдив.

Треба да знаете
Последни објави