Search

Старица прегазена од запрежна кола во Чаир

На 07.08.2020 во 11,15 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје.

Имено, истиот ден околу 10,45 часот на крстосницата од улиците Кемал Сејфула, Вуковарска и Емин Дураку, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот.

На повредената и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави