Search

Стариот објект на Систина Мала Богородица ќе се стави во функција за ковид пациенти

Медицинскиот персонал во клиниката Жан Митрев и Систина веќе имаат искуство со лекување на ковид пациенти.  На состанокот со министерот за здравство, Венко Филипче една од опциите била и стариот објект на Систина Мала Богородица да се стави во функција. Таму има 100 кревети и би работеле тимови од приватните болници, објави Сител.

Орце Камчев изјави дека тоа е една од идеите и дека до недела треба да донесат конечна одлука.

Сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ попладнево беа на средба со министерот за здравство Венко Филипче, и оттаму излегоа со став дека се подготвени да помогнат.

Треба да знаете
Последни објави