Search

Старец изгоре во куќа во Сопиште

Неподвижен старец изгорел во куќа во скопското село Сопиште, информираше МВР.

Според полицијата, пожарот се случил вчера околу 20.20 часот на улица 1 во селото.

Пламенот избувнал од засега неутврдени причини, по што биле опожарени две соби. По локализирање на пожарот пожарникарите во една од собите го пронашле телото на П.С.(70) кој подолг период бил неподвижен.

Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави