Search

Стапуваат на сила новите мерки, задолжително носење маска на отворено, забрана за групирање по 22 часот, да ги почитуваме, да го заштитиме јавното здравје

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ, ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести што гарантираат повисок степен на заштита од коринавирусот.
Со усвоените измени, задолжително е носење заштитна маска на отворено, а исклучок од оваа мерка се лицата кои активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби.  Носењето маска не е потребно, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита. Исто така, забрането е групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, како и задолжителна самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резутатот. Во случај тестот да е позитивен лицето останува во изолација.
Се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби, во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, кои вклучуваат и затворање на угостителски објекти доколку не ги почитуваат ковид протоколите.
Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи.

Важат и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете, како и почитување на ковид протоколите.

Во услови кога пандемијата со коронавирусот не стивнува, интензивно расте бројот на инфицирани, а болниците се полнат, од клучно значење е граѓаните доследно да ги почитуваат.

Само со доследно почитување на мерките и задложенијата, заедно можеме да се избориме со коронавирусот и да го заштитме јавното здравје, затоа е важно сите да покажеме одговорност пред сопственото и пред здравјето на другите.

Треба да знаете
Последни објави