Search

Стапката на смртнот кај новороденчињата во ЕУ преполовена во последните две децении

Бројот на бебиња што умираат пред да стигнат до една година во просек се преполовил во сите земји-членки на ЕУ во последните две децении, покажуваат најновите податоци.

Податоците објавени од Еуростат во петокот покажаа дека во 1997 година во просек имало 6,8 смртни случаи на 1.000 живородени во ЕУ, во споредба со 3,6 смртни случаи дваесет години подоцна.

Вкупно 18.200 деца починале на возраст под една во 2017 година.

Според најновите статистики, Малта, Романија и Бугарија се на врвот на табелата за највисоки стапки на морталитет кај новороденчиња, додека Кипар и Финска се најдоа на дното од оваа табела.

Падот на смртните случаи кај новороденчињата стана еден од најзначајните фактори во зголемувањето на животниот век на луѓето, според Еуростат.

Ваквиот тренд се должи на „зголемување на животниот стандард, подобрениот животен стил и подоброто образование, како и напредокот во здравството и медицината“, додаваат од Еуростат.

Треба да знаете
Последни објави