Search

Стапи во сила забраната за влез на граѓани од Бразил во САД

Од денеска стапи во сила забраната на САД за влез на граѓани од Бразил, два дена порано од првичната најава на Белата куќа, како дополнителен напор да се спречи ширењето на коронавирусот.

Официјалните лица не кажаа конкретна причина поради која е променет датумот за почеток на важење на ваквата забрана. Мерката се однесува за странски државјани кои влегуваат во САД, а кои биле во Бразил во одреден момент изминатите 14 дена, јави Гласот на Америка,

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, Бразил е нов епицентар, според бројот на заразени лица, веднаш зад САД.

Бразилското Министерство за здравство, вчера регистрираше 807 смртни случаи за период од 24 часа. САД, пак, во еден ден имаа 620 смртни случаи.

Tрамп има воведено слични забрани за патување за Кина, Иран, Британија, Ирска, и за 26 европски држави во Шенген зоната.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација го стопира тестирањето на ефективноста на лекот хидроксихлорокин кај пациенти со КОВИД-19, додека експертите ја разгледуваат неговата безбедност.

Треба да знаете
Последни објави