Search

Стан во Аердором изгоре од боца со гас на која се варело кафе

Едно лице е полесно повредено во пожарот кој денеска избувна во стан во Ново Лисиче на булевар АСНОМ. Повреден е сопственикот на станот А.З.(42), а во моментот на пожарот во станот биле и неговите мајка и татко кои минале без повреди.

Мајката е неподвижна со брза помош е пренесена во болница, а таткото од стресот не можел да оди па го симнувале во количка.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски, вели дека една екипа пожарникари го гасела пожарот, а друга ги извлекувала луѓето од станот. Симоновски вели дека  огнот се раширил од плинска боца на која вареле кафе.

„Мажот варел кафе на плинска боца. Се потпалил чаршафот и од таму огнот се раширил насекаде. Во соседната соба беше неподвижната жена, живее на дијализа со  апарати приврзани за неа. Ја извлековме, докторите ја прегледаа и утврдија дека ѝ треба дополнителна помош. И мажот се пожали дека не може да оди, рече дека не му функционираат нозете поради стресот. Тој е подвижен, прво го изнесовме на балконот, а потоа го симнавме. Во станот имаше петмина, изјави командантот Симоновски.

Од чадот во паника биле и други станари на зградата. Симоновски вели дека и покрај препораките во случај на пожар да не се користи лифт, станарка од зградата тргнала да излегува и се заглавила во лифтот па пожарникарите и неа ја спасувале.

 

Треба да знаете
Последни објави