Search

Стаменковска Трајковска: Заев е човек кој што уништи се што нашите предци твореле

Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните им заблагодари што и денес дојдоа за да се обранат националните интереси кои што Заев и Владата ги распродаваат.

„Дојде еден човек кој се што нашите предци твореле да уништи. Дојде еден нечовек, дојде еден немакедонец, дојде Заев кој сака се да уништи. Нема да дозволиме Заев да ни ја менува историјата во учебниците. Наша е таа историја, не е негова да си прави што сака. Оваа историја ја создадоа нашите предци, ние ја создаваме заедно, а не некој Заев или пак некои лица од Бугарија да ни ја раскажуваат како што ним им се допаѓа“, истакна Стаменковска Трајковска.

Стаменковска Трајковска нагласи дека имаме богата земја со историја, таа земја треба да се негува и чува. Но за жал дојде еден човек кој што сака се да уништи она што генерации и генерации граделе и се бореле.

„Ние денес овде градиме историја и нашите деца нека раскажуваат за тоа како сме се бореле да си го зачуваме македонското богатство“, рече Стаменковска Трајковска.

Стаменковска Трајковска посочи дека македонскиот народ нема да дозволи некој Заев да уништува она што го граделе нашите предци. Зар поради Заев нема наставниците да ги учат децата на вистинската македонска историја, тоа не треба да дозволиме, затоа ние сме генерација која што ќе се спротивставиме на Заев и ќе кажеме НЕ. Нема да дозволиме да останеме без јазик, историја и идентитет.

 

 

Треба да знаете
Последни објави