Search

Стаменковска: Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Невенка Стаменковска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

„Согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација е должно, најдоцна до 1 октомври за периодот јануари – јуни во тековната година, односно најдоцна до 1 март за периодот јули – декември во претходната година, да изготви и да достави до Владата на Република Македонија полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција.

Бараме да се објави извештајот согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, пред целата македонска јавност, да не се шпекулира и со тоа ќе ги демантирате нашите тврдења дека се работи за поткуп на гласачи!

Дополнително ви укажуваме дека во јавниот сектор може да се пополни работно место преку склучување на договор за вработување на определено работно време исклучиво заради:

  • замена на привремено отсутен вработен, кој е отсутен повеќе од еден месец,
  • привремено зголемен обем на работа,
  • непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот,
  • работа на проект.

Во овој период единствено имате зголемен обем на партискиte трибини кои не се предвидени со закон и останува ПОТКУПОТ како единствен мотив за сите вработувања на определено време.

Министерот Манчевски не ги знае годишните планови за вработување во институциите кои му се обврска согласно закон, но знае дека институциите ќе распишуваат многу огласи за вработување на определено време на почеток на новата година.

Најлошото кај власта е отсуството на срам без разлика колку пати ќе излажете!

Дополнително веќе неколку дена до отпочнувањето на оваа прес конференција надвор од употреба е и интернет страницата на Агенцијата за администрација, која има законска обврска да ги пренесува полагањата на идните административци. Очигледно транспарентна постапка не им одговара за партиски вработувања па страната е надвор од употреба.

Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши.

Обновата на Македонија ќе го врати достоинството на административните службеници и довербата во институциите.“

 

Треба да знаете
Последни објави