Search

Стаменковска обвинува:Незаконки оглас за вработување на 34 лица во Централниот регистар

Стаменковска обвинува: Незаконски оглас за вработување на 34 лица во Централниот регистар

Во склоп на бројните огласи за незаконско и партиско полнење на јавната и државната администрација, власта не го заобиколи ниту Централниот регистар. Оваа исклучително важна државна институција се стави во погон на задоволување на партиските интереси на СДСМ со кршење на законите.

На 9 август Централниот регистар објави оглас за вработување на 34 лица во нерегуларна и противзаконска постапка.

Централниот регистар согласно матичниот закон, постапката за вработување треба да ја води согласно Законот за вработените во јавниот сектор и согласно Законот за административни службеници. Според статутот на оваа институција вработените во Централниот регистар се државни службеници. Дали е вистина дека директорката на Централниот регистар си донела Колективен договор во кој имплементирала одредби со која си дозволува вработувања согласно Закон за работни односи. Објавувајќи го огласот за новите партиски војници на СДСМ таа врши противзаконско вработување ставајќи го Колективниот договор над Законот. Ваквите и слични начини на вработување се дел од кампањата на СДСМ за партизирање на институциите од јавниот сектор.

Дали кршењето на законите и нивно заобиколување е европска вредност која што ја буди СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ до сега информираше за незаконските вработувања и за жал не добивме одговор од ниту една институција, ниту некој се одважи да нѐ демантира.

Министерството за финансии молчи, молчат и другите засегнати институции.

Агенцијата за администрација немоќна поради големата независност, ги отстапи надлежностите на Агенција за вработување поточно Владата со задолжение ја овласти Агенција за вработување да ги контролира годишните планови и да не дозволува да се пријавуваат административните службеници во работен однос.

Можеби медиумите, ОЈО, инспекциските органи ви ветиле 1.000 дена безгрижно и незаконско работење, но ние ќе информираме и ќе ги потсетуваме сите за вашето незаконско и скандалозно работење.

Незаконието станува пракса со СДСМ на власт. Граѓаните се жртви на неодговорноста на власта. Ова мора да запре. СДСМ мора да си оди. Одговорноста за ова незаконско работење мора да има.

Наше е да ве информираме, а ваше е да запаметите!

Треба да знаете
Последни објави