Search

Стадо залутани слонови заспале заедно по 500 километри одење

Стадо азиски залутани слонови запрело по 500 километарско одење низ Кина. Тие биле забележани како исцрпени од патувањето дремнуваат на заслужен одмор во шума во близина на градот Ксијанг, пишува „Дејли мејл“.

Животните лутале низ земјата околу 15 месеци и поминале над 500 километри од нивното природно живеалиште, природен резерват на префектурата Ксиуангбана Даи кон провинцијата Јунан од 16 април.

Нивното патување го следеле властите со 14 дронови и 500 луѓе кои го чувале стадото од опасност.

Во стадото има 15 слонови, вклучително и три мали слончиња. Некои претпоставуваат дека стадото залутало, додека други веруваат дека слоновите бараат ново живеалиште. Нивното патување будно го следат властите во Кина бидејќи тие се заштитен вид и ги има само 300.

„Чајна дејли“ ги сподели фотографиите кои биле направени од дрон, и кои ги покажуваат слоновите како спијат во шума.

Животните јаделе култури вредни милиони долари за време на нивното патување, оштетувајќи неколку згради кога поминувале низ градот Кунминг каде живеат милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави