Search

Стадионот во Дортмунд станува скрининг центар за лица со симптоми на коронавирус

Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд дел од ултрамодерниот стадион го претвори во центар за прегледи за време на пандемијата на коронавирусот.

Северната трибина на најголемиот германски стадион, со вкупно 82.000 места, ќе се користи за прегледи на лица за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот или кои веќе имаат симптоми.

Како што пренесуваат германските медиуми, Центарот ќе биде отворен утре и таму ќе се утврдува кој ќе оди во карантин, а кој во болница.

Поради пренатрупаност на здравствените установи во Дортмунд со голем број сомнителни случаи на заразени, одлучено е да се вршат прегледи на стадионот каде има повеќе места, а помалку можности да се шири инфекцијата додека луѓето чекаат во затворен простор.

Треба да знаете
Последни објави