Search

Ставрески дал исказ во Финансиска полиција

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески бил повикан да даде исказ во Управата за финансиска полиција, потврди директорот Арафат Муареми синоќа во емисијата „24 Отворено“.

Засега Муареми не сака да обелодени за кој случај станува збор и дали Ставрески е осомничен во истиот, ниту пак за коков тип на предмет се работи.

-Зоран Ставревски беше повикан во Финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде, изјави Муареми.

Ставрески во моментов единствено е осомничен во истрагата „Подарок“ на СЈО за оштета на буџетот од речиси 33 милиони евра, затоа што поскапо ја прикажал изградба на гасоводот Клечовце-Блок станица 5 во рамки на враќањето на рускиот клириншки долг кон Македонија.

Треба да знаете
Последни објави