Search

Ставрев ќе дели правда меѓу Базел и Трабзонспор, Дојчиновски делегат на Бриж и Реал Мадрид

Најдобро рангираниот македонски интернационален фудбалски судија со знакот на ФИФА на главната листа Александар Ставрев в четврток ќе го суди натпреварот меѓу Базел и Трабзонспор од последното, 6. коло, во групната фаза во Лига Европа. Него ќе му асистраат Марјан Кировски, Дејан Костадинов и Дејан Јакимовски како четврти судија.
За Ставрев ова ќе биде шести натпревар на европската сцена сезонава, а вкупно 115. меѓународен предизвик во судиската кариера.
Покрај судиите, мак-фудбалот ќе има уште една свој претставник на елитната клупска сцена, каде Васко Дојчиновски ќе ја извршува делегатската должност на мечот Бриж – Реал Мадрид во рамките од 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави