Search

Ставен под контрола големиот пожар во општина Росоман, каде гореше објект со насади од марихуана

 Ставен е под контрола големиот пожар во општина Росоман, каде гореше објект на отворено со насади со марихуана, потврди за МИА, Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Тој појасни дека на самото место се четворица пожарникари на дежурство, за да ја следат ситуацијата, немој случајно огнот пак да се разгори.

Регионалниот ЦУК Кавадарци извести дека пожарот настанал на објект на отворен простор од десната страна на регионалниот пат Прилеп – Градско, во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ (во близина на село Дреново). Горел објект од тврда градба покриен со стакло (пластеници насади со марихуана).

– На терен за гаснење на пожарот интервенираа Територијалната противпожарна единица Кавадарци со 15 пожарникари, три противпожарни возила, две противпожарни возила за гасење на шумски пожари и едно возило за превоз на луѓе; Територијална противпожарна единица Неготино со тројца пожарникари и едно противпожарно возило; Јавно претпријатие „Комуналец“ Кавадарци со три цистерни и тројца вработени; „Еуро Никел“ со еден вработен и едно противпожарно возило. Зафатена била површина од околу еден хектар.

– Пожарот е ставен под контрола, соопштија и од ЦУК. 

Треба да знаете
Последни објави