Search

Стабилизирана политичката состојба во Киргистан

Вршителот на должноста претседател на Киргистан и премиер Садир Жапаров денеска изјави дека по политичката криза, власта во земјата е повторно воспоставена.

„Парламентот работи повторно и го потврди моето назначување за премиер. Владата во Киргистан е целосно воспоставена”, рече Жапаров во интервју за руската телевизија 24 Часа, пренесува ТАСС.

Откако Канат Исаев беше избран за претседател на парламентот, Жапаров беше ослободен од затвор на барање на демонстрантите и ја презеде премиерската позиција.

Во меѓувреме, поранешниот претседател Соронбај Женбеков поднесе оставка, а Жапаров ја презеде функцијата претседател на државата.

Одлуката за датумот на повторните избори ќе биде објавена до 6 ноември, објави државната изборна комисија.

Треба да знаете
Последни објави