Search

ССНМ ќе ја додели наградата „Роберто Беличанец”

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вечер ќе ја додели наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец” 2019.

Церемонијата ќе почне со панел дискусија на тема „Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро?”, по што ќе биде доделена и наградата.

-Медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството, наведува Синдикатот во пресрет на настанот.

Наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец” почна да се доделува од 2018 година, а го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми, Роберто Беличанец.

ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ, Институтот за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести”, поддржан од ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави