Search

ССНМ: Продолжува праксата на несоодветно отпуштање новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вели дека отпуштањето на новинарот Ивор Мицковски од телевизија „Телма“ отвора сомнеж за надворешни и политички притисоци и остава простор за влевање страв кај вработените во медиумите и тренирање на послушност.

„Разгледувајќи ги сите аспекти во врска со прекинувањето на работниот ангажман на Ивор Мицковски во телевизија ‘Телма’, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници заклучи дека не е и не може да биде задоволен со начинот на кој е спроведен овој чин. Нетранспарентната и несоодветна постапка на прекинот на работниот ангажман на нашиот член покажува дека лошите практики во македонското новинарство и натаму продолжуваат, наспроти прокламираните заложби за реформирање на медиумскиот сектор. Вака извршениот чин наведува на сомневање на постоење надворешни и политички притисоци и остава простор за влевање страв кај вработените во медиумите и тренирање на послушност“, велат од ССНМ.

ССНМ остро протестира против ваквиот третман на новинарите и медиумските работници и уште еднаш укажува дека продолжувањето на ваквата пракса може да има несогледливи последици во вкупниот медиумски амбиент.

Треба да знаете
Последни објави