Search

ССМ: Амандманот за зголемување на платите на администрацијата изгласан, преостанува да се потврди на Законодавно-правната комисија

Вчера на Комисијата за финансирање и буџет со мнозинство гласови, се изгласа амандманот кој беше предложен од ССМ, а поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за зголемување на платите на администрацијата за 15%.

Сојузот на синдикатите на Македонија до сите пратеници достави предлог барање со предлог платите на сите вработени во јавен сектор да се зголемат за најмалку 15%. Половина од битката е добиена, сега преостанува амандманот да се потврди од уште една собраниска комисија, Законодавно-правната комисија.

Пратениците од СДСМ за жал и овој пат не гласаа, како што не гласаа или гласаа против за амандманот на ССМ за усогласување на сите плати со порастот на минималната плата со што уште еднаш ги изневерија работниците.
Според информациите на синдикатотот, пратениците на СДСМ и ДУИ кажувале дека ќе го поништат гласањето и ги предупредуваме, да не си играат со трпението на работниците како со недобивањето на 2806 денари усогласување со минималната плата за кое гласаа против.,
Апелираме до сите пратеници да се одважат и да добие зелено светло амандманот и од законодавно правната комисија и сите вработени во администрацијата да добијат 15% покачување на нивните плати.
Како и досега, ССМ поздравува пристапот на сите пратеници кои ги поддржуваат и предложуваат амандманите на работниците кои го поздравуваат пристапот на пратениците кои гласаа за овој амандман:
Бојан Стојаноски
Дафина Стојаноска
Бети Стаменковска Трајковска
Бране Петрушевски
Зоранчо Јованчев
Тони Јаревски
Љупчо Пренџов
Игор Здравковски
Сојуз на синдикатите на Македонија

Треба да знаете
Последни објави