Search

ССК и Иванов ги доделија признанијата на десетте најдобри компанија во рамки на „Македонски Квалитет“

Во присуство на бројни гости, традиционално во рамки на манифестацијата „Македонски Квалитет“, беа прогласени десетте добитници на признанието за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија.

Признанијата ги доделија претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.

Комисијата составена од членови на Кабинетот на претседателот, согласно критериумите и оваа година ги селектираше македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување на национален бренд.

Добитници на признанијата оваа година се:  Ансамб Студио Фолклор, Адора Инженеринг, Универзитет за туризам и менаџмент, Рафајловски Консалтинг, Специјал Продукт, Тинекс, Ендомак, Митковски ММ, Геемак Гроуп и Бироком. Годинава на свечената манифестација, во посебна церемонија доделено беше и високо признание на претседателот Иванов за исклучителен придонес и поддршка на македонскиот приватен сектор и националната економија.

Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет, велат од Сојузот на стопански комори.

Треба да знаете
Последни објави