Search

Српски камионџии претeпaни на границата меѓу Украина и Романија

Шестмина српски камионџии ноќеска по полноќ биле брутално претепани на граничниот премин меѓу Украина и Романија, но од украинската страна, пренесува српски „Курир“.

„Србите биле претепани од украински возачи на шлепери, а додека ги удирале им викале ’ова е Украина‘ и дека тоа е нивна граница“, пишува „Курир“.

Групата претепани српски возачи објаснила дека тоа се случило на границата меѓу двете земји, пред самиот влез во Романија, додека се враќале дома. Тројца од возачите се здобиле со сериозни повреди.

Прашани што било повод за нападот, возачите рекле дека биле нападнати без причина. Тие посочиле дека на тоа место со денови чекаат српски, руски и белоруски шлепери за разлика од домашните, кои без проблем ја заобиколуваат километарската колона и веднаш ја преминуваат границата.

Амбасадата на Србија во Романија соопшти дека не била официјално известена за инцидентот на украинско-романската граница ниту од српските државјани, ниту од романските власти.

Треба да знаете
Последни објави