Search

Српските власти размислуваат да ги изолираат Белград, Ниш и Ваљево

Српските власти размислуваат да ги стават во целосна изолација градовите Белград, Ниш и Ваљево како најголеми жаришта на коронавирусот во оваа соседна земја. Детали околу новите мерки во битката со корнавирусот ќе бидат соопштени во текот на денот или утре,  вели советничката на претседателот на Србија, Сузана Василијевиќ.

Лекарите-епидмиолози од оваа земја кои биле на состанок со државниот врв се изјасниле дека уште има простор со други мерки да се борат против ширењето на коронавирусот и не треба да се затвораат градовите Блград, Ниш и Ваљево. Дали ќе бидат послушани советите или ќе се посегне по новите рестриктивни мерки на движење за граѓаните во овие градови кои се сметаат за жариште на коронавирусот во земјата ќе биде познато во текот на наредните 24 часа.

Размислувањата се од целосно затворање на овие три градови до само на делови од нив. Тоа ќе зависи од ситуацијата на теренот која се менува од час во час.

 

 

Треба да знаете
Последни објави