Search

Српскиот патријарх Иринеј приклучен на апарат се бори за живот

Српскиот патријарх Иринеј е во исклучително тешка здравствена состојба и моментално е поврзан на апарат за одржување на работата на виталните органи. Лекарите се борат за неговиот живот. Иринеј е во болница од 5 ноември поради инфекција со коронавирус, а синоќа неговата состојба одеднаш се влошила.

-Ние сме загрижени, очекувавме дека работите ќе се развиваат во поинаква насока, изјавил Стефан Шариќ, епископски заменик на 90-годишниот Иринеј.

Некои медиуми денеска објавија неточни информации дека патријархот починал. За неговото здравје се грижат и доктори од Русија.

Треба да знаете
Последни објави