Search

Српскиот Касациски суд ги прогласи за ништовни одредбите за клаузула во франци на станбените кредити

Врховниот касациски суд на Србија денеска ги прогласи за ништовни одредбите од договорите за станбени креди кои содржат девизна клаузула за пресметка на ратите во швајцарски франци.

Според Судот, одлуката за ништовност на одредбите од договорите нема да важи, доколку банката докаже дека самата се задолжила во оваа валута при обезбедување на средствата за кредитирање.

Во судската одлуката се предлага договорите во клаузула во франци да се трансформираат во евра врз основа на курсот на европската валута на денот на склучување на договорот.

Касацискиот суд издаде и мерка за времено стопирање на активирање на хипотеките по кредитните договори.

Судот наведува дека оваа негова одлука не ги обврзува пониските судови и дека тие можат да носат и спротивни одлуки, но ризикуваат тие да бидат предмет на ревизија ако се најдат пред Врховниот касациски суд.

Треба да знаете
Последни објави