Search

Српскиот епископ Давид со влошена здравствена состојба завршил во ковид-болница

Епископот крушевачки Давид вчера е хоспитализиран со влошена здравствена сосотојба во ковид центарот ,,Драгиша Мишовиќ“ во Белград, пишува порталот Нова.рс. Иако нема официјална потврда за неговата здравствена состојба, овој портал пренесува дека тој најверојатно е позитивен. И при служењето на погребното опело во храмот ,,Св. Сава“ за погребот на патријархот Иринеј, очигледно било дека епископот Давид не се чувствува добро.

Според тоа тој најверојатно учествувал во погребното опело како ковид позитивен, што дополнително може да придонесе и за новоинфицирни лица од коронавирусот.

Досега од редовите на СПЦ од коронавирусот починаа пет високо позиционери свештени лица, меѓу кои и патријархот Иринеј.

Треба да знаете
Последни објави