Search

Српска обложувалница ќе им исплаќа пари на сите што се обложиле дека Ѓоковиќ го освојува АО

Пo 11 дена драма околу Новак Ѓоковиќ, неговите документи за вакцинација, визата за влез во земјата и неговиот настап на Австралија опен, Федералниот суд одлучи да ја отфрли жалбата на тенисерот и да го депортира.

Со денешната одлука на австралискиот суд, Ѓоковиќ остана без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој остана без шанса да го освои 21-от Гренд слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои исто така имаат по 20 титули.

Српскиот тенисер беше првиот фаворит на Австралија опен и многу букмејкери се обложија на него пред почетокот на турнирот. Бидејќи нема да игра, сите облози на него според правилата за обложување треба да паднат на коефициент 1,00, односно да се смета како да не се ни одиграни.

Сепак, една српска обложувалница реши да смета дека Ѓоковиќ го освоил турнирот и да им ги исплати добивките на своите играчи. Коефициентот дека Ѓоковиќ ќе го освои турнирот бил 2,10, а дека на патот до титулата ќе загуби еден до два сета бил 6,00.

„Го знаеме нашиот шампион на Австралија опен. Сите одигрни ливчиња за победа на Новак се добитни! Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија откако му беше одбиена жалбата за укинатата виза. Политиката го победи спортот, а ние ќе се обидеме да ја исправиме неправдата нанесена на најдобриот тенисер на сите времиња.

Сите ливчиња одиграни за победа на Новак во Австралија ќе бидат исплатени. Без разлика дали сте играле дека Новак го освојува турнирот, дека го освојува и дека губи еден или два сета или дека ќе го го подигне пехарот без загубен сет, ливчето ќе се третира како добитнo. Веќе го знаеме името на шампионот на Австралија опен, а се вика Новак Ѓоковиќ“, порачуваат од обложувалницата, a пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Треба да знаете
Последни објави