Search

Српската премиерка во посета на Брисел

Претседателката на српската Влада, Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на Брисел, каде ќе има средби со претставници на Европската комисија, а ќе се обрати и на свечен прием организиран по повод Денот на државноста на Србија.

Предвидено е Брнабиќ да се сретне со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерменс и со еврокомесарката за правда, заштита на потрошувачите и родова еднаквост, Вера Јоурова.

Свечениот прием на кој ќе говори Брнбаиќ се оргханизра во рамки на платформата на српската Влада, „Србија создава”, чија задача е промоција на Србија во светот.

Треба да знаете
Последни објави