Search

Српската опозиција по највите од Вучиќ за предвремени избори смета дека нивниот бојкот успеал

По вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ за одржување на предвремени парламентарни паралелно со претседателските до 3 април 2022 година и формирање на влада со ограничен рок до тогаш, српската опозиција со реакција дека нивниот бојкот сепак успеал..

– Тоа беше првиот чекор во нашиот план за промена на овој режим. Честитки до граѓаните за тој успех. Ние продолжуваме со нашиот план, со нашите партнери ќе дефинираме јасни барања за фер и чесни избори и со нив ќе излеземе во јавноста кога ќе ги завршиме договорите со сите противници на режимот на Вучиќ, изјави претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас.

Во соопштението од ССП се наведува дека овие барања ќе бидат основа за преговори под покровителство на ЕУ, кои ќе обезбедат слободен јавен сервис – РТС и гласање без уцени и притисоци.

– Што и да каже Вучиќ, тој веќе не може да крие дека Србија е во политичка криза, дека здравјето на луѓето е загрозено и дека се соочуваме со економски колапс, порачаа од ССП. Членот на Главниот одбор на Демократскат странка (ДС), Срѓан Миливојевиќ ја оцени како бесмислена идејата „по едни нелегитимни избори, Србија да добије други нелегитимни избори“. Тој изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, мора да биде свесен „дека постојните изборни услови можат да доведат само до нов бојкот“.

– Единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во која Вучиќ ја вовлече Србија е формирање преодна влада, моментална оставка на овој нелегитимен парламент и започнување на механизми за Србија да добие фер и чесни избори на кои ќе се избере стабилна влада, кажа Миливојевиќ, кој додаде дека Вучиќ мора да стане свесен за фактот дека постојните изборни услови можат да доведат само до бојкот. И потпретседателот на Народната партија (НС), Мирослав Алексиќ, ја оцени најавата на Вучиќ за предвремените парламентарни избори, најдоцна во април 2022 година, како „недвосмислена потврда дека бојкотот успеал“. Во изјава за агенцијата Бета, Алексиќ кажа дека успехот на бојкотот на неодамнешните избори досега е потврден неколку пати, но дека сега таа потврда стигнала и од Вучиќ. Според него, Вучиќ е свесен дека не може да формира власт без опозиција, додавајќи дека Србија е единствената држава во Европа без опозиција во Парламентот. Алексиќ порача дека за опозицијата е најважно да се избори за услови за излегување на изборите, наведувајќи дека очекуваат помош од Европска Унија. – Вучиќ може да распише избори и за три месеци, но ако условите не бидат фер, тоа нема ништо да промени, оцени Алексиќ.

Треба да знаете
Последни објави