Search

Српската обединета опозиција го услови своето учество на избори со слободата на медиумите

Претседавачот на опозицискиот блок Сојуз за Србија, Небојша Зеленовиќ денеска изјави дека српската обединета опозиција нема да прифати нови избори без коренити промени на изборните услови и без слободни медиуми.

Тој најави дека здружената опозиција ќе излезе со заеднички барања за „фер и чесни избори”.

Зеленковиќ оцени дека од доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на власт изборите престанале да бидат начин на изразување на демократската волја на граѓаните.

– Изборите за диктаторот станаа начин за управување со Србија – кога не знае што друго да прави, кога сиромаштијата и неслободата во Србија те тераат в ќош, тогаш повикуваш на избори, наведе Зеленовиќ.

Тој додадв дека Србија не сака живот во изборни „кампањи, лаги и измами, од избори до избори”.

– Додека (Вучиќ) по светот ветува дека ќе го реши Косово и дека ќе го зачува мирот и стабилноста, тој ја зацврсти својата моќ на разни нелегални начини, така што во вакви изборни услови, со контрола на парите и медиумите, тој смета дека може бесконечно да ги мами и луѓето во Србија и партнерите во странство, оцени Зеленовиќ.

Треба да знаете
Последни објави