Search

Српската дијаспора на протести ширум светот (ВИДЕО)

Групата „Democracy4Serbia“ денеска организира глобален протест на дијаспората за демократија, слобода, човекови права и човечки животи во Србија, пренесува Нова.рс.

Протестите се одржуваат во Амстердам, Брисел, Берлин, Бостон, Цирих, Хамбург, Хелсинки, Лондон, Њујорк, Осло, Париз, Прага и Ванкувер.

Луѓето од дијаспората ширум светот организираат протести во повеќе од десет градови ширум светот, кои, како што велат, ќе ги „обединат луѓето од дијаспората и пријателите шриум светот во глобален протест“.

Како што наведуваат од групата „Democracy4Serbia“, симболот на овие протести е клуч, односно ослобудвање на Србија од секој вид на опресија.

 

Треба да знаете
Последни објави