Search

Српската Влада за 10 отсто ги зголеми платите на сите здравствени работници

Српската Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за десет отсто, соопштија Владата. Како што јави дописникот на МИА од Белград, зголемување на платата се однесува на сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и на лекарите во заводите за извршување на кривични санкции.

Одлука е донесена, имајќи предвид дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се наведува во соопштението.

Од Владата највија за денеска и прес конференција, на која министерот за финансии Синиша Мали и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, ќе ги престават пакетот на економски мерки за ублажување на последиците врз економијата како резултат на епидемијата на Ковид -19.

Треба да знаете
Последни објави