Search

Српската Влада ги потсети граѓаните да ги почитуваат мерките и даде гаранции за организација на завршницата од кошаркарската Евролига

По укинување на вонредната сотојба, српската Влада денеска соопшти дека донела одлука сите граѓани и стопанственици, во текот на цело време на опасноста од ширење на Ковид-19, дека се должни да се придржуваат кон заштитните мерки. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во владиното соопштение се наведува дека во сила се уште е суспендирањето на наставата во просториите на високообразовните институции, средните и основните училишта, како и запирањето на работата на тие институции се додека трае опасноста од ширење на Ковид-19.

Владата посочи дека одредени образовно-воспитни активности може да се организираат во простории на институциите со примена и почитување на сите заштитни мерки.

За време на престој во парковите и јавните места наменети за рекреација, граѓаните се должни да одржуваат меѓусебно растојание од два метри.

Работодавците кои вршат дејност од областа на трговијата на мало, услуги од областа на угостителството, како и претприемачите во трговски центри, должни се да ги применат сите превентивни мерки – ограничен број на лица во ист простор, дезинфекција на објектите, употреба на заштитната опрема и средствата за дезинфекција.

Организаторите на игри на среќа можат да ги извршуваат своите активности во објекти не поголеми од 400 метри квадратни, со примена на сите задолжителни заштитни мерки.

Личните документи на кои им е истечен рокот на важење за време на вонредната состојба, ќе се сметаат за валидни ако се достават барања за издавање на нови во рок од 30 дена од денот на прекинување на вонредната состојба.

Владата на денешната седница се согласи да испрати писмо до кошаркарската Евролига со кое се гарантира влез во Србија на учесниците во финалето на сезоната 2019/2020. Градот Белград, официјално се кандидира за организација на финалето во Евролигата, што ќе се одржи од 4 до 26 јули годинава.

Треба да знаете
Последни објави