Search

Среќен сум за првата трансплантација на срце, но разочаран за паркингот на местото каде требаше да биде новиот Клинички

Среќен сум што првата трансплантација на срце се направи на државната кардиохирургија, но ме разочара тоа што на местото каде веќе требаше да биде изграден Клиничкиот центар изградија паркинг, пишува поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров во својата колумна во „ДојчеВеле“.

Два настана посебно ме погодија изминативе две недели.

„Многу позитивно ме трогна фактот што на државната кардиохирургија за прв пат во историјата на македонското здравство и македонската државност се изврши трансплантација на срце. Длабок поклон до семејството на дарителката, кое овозможи да се спасат други три животи и да се напише убава историја на македонското здравство. Министерството за здравство покажа одлична организираност, но и големина да ги вклучи сите авторитети во областа на кардиохирургијата, анестезијата и урологијата во овој сериозен здравствен потфат. Оваа успешна трансплантација на срце не направи сите горди, ја зголеми самодовербата на нацијата и дополнително го зацврсти темелот на нашата државност…

Одлично е да се инвестира во здравство, но на македонското здравство во овој момент не му треба нов Клинички центар за 600 милиони евра. Со 72 милиони евра се прави нов клинички, со 50 милиони се прави нова градска болница во Аеродром на местото на Мајчин дом, со 80 милиони евра комплетно се реновираат клиничката болница во Битола, болниците во Кавадарци, Куманово, Струмица, Кочани и Велес, со 50 милиони евра се реновираат сите здравствени домови во државата и со 50 милиони евра се набавува дополнителна најсовремена опрема за сите болници. Тоа се околу 300 милиони евра за да имаме здравствена инфраструктура и опрема на ниво на Германија или Франција. Со останатите 300 милиони евра може да се направи многу…“, пишува Тодоров.

Целата колумна на  „ДојчеВеле“.

Треба да знаете
Последни објави