Search

Средношколец од Сараево загина на екскурзија во Прага

Средношколец од Сараево загина денеска паѓајќи од прозорецот во хотел во Прага, јавуваат медиумите во БиХ.

Седумнаесетгодишниот ученик од средното техничко училиште за графичка технологија, дизајн и мултимедија загинал по падот од хотелскиот прозорец во Прага, каде што учениците престојувале, потврди директорот на училиштето.

Во тек е увид што го врши чешката полиција.

Треба да знаете
Последни објави