Search

Средба Шахпаска-Која: Мисијата на ОБСЕ е голем подржувач на политиките за заштита на граѓаните од дискриминација и секаков вид насилство

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и неговите соработници.

„Поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за  нашата држава е од големо значење, особено во делот на  искуствата и експертизата која ја добиваме по многу прашања кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика“, истакна Шахпаска.

Законост за спречување и заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура  и формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како независно тело министерката Шахпаска ги  истакна како мошне значајни за обезбедување на заштита на граѓаните од секаков вид на дискриминација, во нашето општество. Во овој дел таа ја посочи одличната соработка со Мисијата на ОБСЕ во нашата држава.

Од страна на Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клемент Која беше изразена поддршка и во останатите законски решенија кои треба да бидат донесени следниот период , тоа се Законот за заштита на жени жртви од насилство, Законот за работни односи и  поддршка во имплементацијата на децентрализацијата и деинституционализацијата. Со цел  обезбедување на квалитетни социјални услуги на локално ниво на оние на кои им е најпотребна, но и поддршка на лицата со попреченост како дел од процесот на деинституционализацијата.

На средбата се разговараше и за предизвиците од пандемијата од корона висрусот, начините на справување со неа, економската поддршка и помош на компаниите и  граѓаните, преку мерките кои придонесуваат за полесно справување со последиците од КОВИД 19. Исто така, се разговараше и за започнатиот процес на регистрирање на лицата без лични документи кои најчесто доаѓаат од ромската заедница, со цел заокружување на тој процес  и нивно  ефикасно вклучување и во образовниот процес и на пазарот на труд.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошна соработка во сите сегменти кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика во насока на заштита на граѓаните и нивните социјално економски права.​

Треба да знаете
Последни објави