Search

Средба Хан-Заев на Светскиот економски форум во Давос

Премиерот Зоран Заев денеска на Светскиот економски форум во Давос, ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

Како што соопшти владината прес-служба, планирано е Заев да се состане и со премиерот на Република Словенија, Марјан Шарец, со министерот за здравство на Владата на Сојузна Република Германија, Јенс Спан, со извршниот директор на „Гугл“, Џигсоу, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел-дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум.

Заев е поканет да земе збор и да учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“, на форумот „Иднината на Транс-атлантската алијанса“, како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите.

Главната тема на годинешниот Светски економски форум во Давос е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските закрепнувања, иднината на работните места, и други теми.

Треба да знаете
Последни објави