Search

Средба со министерот за внатрешни работи на Република Албанија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Поградец, Република Албанија, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Албанија Сандер Лешај.

Двајцата министри ја потенцираа одличната соработка  меѓу полициите на двете земји, особено меѓу граничните полиции.  На средбата стана збор и за воведувањето на заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства. Ваков проект  т.н. „One stop control“ е во завршна фаза пред имплеметација со Република Србија, на граничниот премин Табановце, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси.

Спасовски и Лешај договорија соработката меѓу граничните полиции на двете држави да продолжи и во иднина на сите нивоа, пред се преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и  корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал.

 

Треба да знаете
Последни објави