Search

Средба Села- Курти: Алијансата за Албанците беше силен поддржувач на Самоопределување

Денес во канцелариите на Движењето Самоопределување во Приштина, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села беше примен во пријателска средба од лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти.На оваа средба лидерот на АА, Зиадин Села уште еднаш му честиташе на г. Албин Курти за неговата победа на парламентарните избори во Косово.

Алијансата за Албанците беше силен поддржувач на Движењето Самоопределување во текот на своето изборно патување. Лидерот на АА, Зијадин Села истакна дека тие ќе продолжат со истата поддршка, потенцирајќи дека вистинскиот предизвик сега ќе започне. На средбата се разговараше и за добрососедските односи што ги има Северна Македонија со Република Косово и потребата овие односи дополнително да се зајакнат, со цел да се создадат подобри услови за слободно движење на граѓани и добра. На состанокот присуствуваа и Генералниот Секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и Шефот на Парламентарната Група на Движењето Самоопределување, Глаук Коњуфца.

Треба да знаете
Последни објави